септември 4, 2026
Заедно низ уметноста ја испраќаме најсилната порака – хуманоста нè поврзува сите!
Во соработка со ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар, ООУ “Гоце Делчев” и СОУ “Крсте П.Мисирков” а како дел од ПХВ проектите, беше реализирана заедничка изложба на цртежи на тема „Хуманост“, каде преку боите, креативноста и емоциите учесниците покажаа дека добрината, разбирањето и поддршката се универзален јазик.
Изложбата претставува симбол на заедништво, почит и прифаќање, потсетувајќи нè дека секој човек заслужува внимание, поддршка и можност да ја изрази својата креативност.
























































