септември 4, 2026

Во пресрет на Илинден

По повод големиот празник Илинден, Црвен крст на РСМ, Општинска организација Демир Хисар заедно со волонтерот од American peace corps Nebeyu Mesfin и Здружението на пензионери Демир Хисар беа во посета на долгогодишниот пензионер, хуманист и крводарител Злате Јоновски од с. Мренога.

Со оваа симболична посета му беше изразена благодарност и признание за неговата несебична хуманост и солидарност потврдена со 90 дарувања на крв, со кои помогнал во спасување на многу човечки животи.

< врати се назад