февруари 2, 2026
Заеднички помагаме!
Во рамките на своите активности, секој во својот делокруг на работа и надлежности, се грижиме и помагаме секаде каде што е потребно.
Школски пример за соработка помеѓу Општина Демир Хисар, Црвен крст на РСМ-Општинска организација Демир Хисар, ОВР Демир Хисар, ЦСР Демир Хисар и ПШС Бигла.
Со теренско возило, по екстремно тешко прооден пат до планинско село, кај лице од соц- ранлива категорија, дистрибуирани беа неопходни прехранбени продукти, осветлување, облека, обезбедени дрва за огрев, направен увид од ЦСР за неговите потреби…
Е зголемуваме свеста и апелираме на соработка помеѓу сите институции во нашата заедница за помош на најзагрозените жители.
















































