февруари 2, 2026

5ти Декември- Светски ден на волонтерството

На овој ден, оддаваме признание на волонтерите за нивниот придонес и ги поттикнуваме институциите и граѓаните да ги поддржат напорите на волонтерските организации.

Во рамките на активностите, потпишавме Општинска декларација за поддршка на волонтерството со советниците од Советот на општина Демир Хисар. Со тоа ја зајакнуваме соработката меѓу општината и нашата организација, е подигнуваме свеста за придобивките од волонтерството, јавно ги одбележуваме достигнувањата на волонтерите…

Истовремено, заедно со дел од советниците бевме во посета на неколку корисници на услугата ” Помош и нега во домот” кај кои дониравме неопходни прехранбени продукти и измеривме шеќер во крв и крвен притисок.

Нека е честит Денот на волонтерите!

< врати се назад